About us      Contact

За Пет Центар

 

Нашата фирма SOREX е водечка компанија во дистрибуција и продажба на храна и опрема за домашни миленици во Македонија со дистрибутивна мрежа над 120 комитенти ширум Македонија. За нашиот квалитет и сериозен однос потврдува долгогодишната традицијата на работа од 1993 година. Со секојдневно настојување да понудиме подобри и поквалитетни производи  за поголемо задоволство на потрошувачите, нашата фирма СОРЕКС успева да стане водечка компанија во Македонија. Нашата понуда и производи се пласираат до вас преку нашиот дистрибутивен систем кој секојдневно  ги задоволува потребите на сите потрошувачи ширум Македонија. Во нашата гама на производи се застапени најквалитетни производи од Европската Унија и Канада, докажаниот квалитет на српските житарици застапени во храните за голуби и птици како и словенескиот квалитет на храните на риби. Поради докажаниот квалитет кон клиентите во 2013 година ја отвараме нашата продавница Пет Центар.

Пет Центар е специјализирана продавница за храна и опрема за сите домашни миленици, и е присутна на пазарот во Македонија од 2013 година. Сместени на локација на самиот влез во Тетово од страната на Скопје овозможуваме лесен и брз пристап до нас, со овозможен паркинг простор за нашите потрошувачи. Поради долгогодишна традиција и успехот на компанијата за само три години успеваме да станеме најголемата продавница во Македонија која што нуди најразлични видови на производи на своите потрошувачи. Посебната посветеност кон постојано проширување на асортиманот на производи како и осигурувајќи пристапни цени до своите клиенти не прави да бидеме број ЕДЕН во Македонија. Пет центар нуди богат асортиман на храна и опрема за сите видови домашни миленици, како и богата понуда на мали животни како: риби, птици, глодари. Исто така во склоп на продавницата нудиме и најразновидни услуги за вашите миленици како: шишање, бањање, нега на крзно и други преостанати услуги. Пет Центар ви нуди во секое време стручни совети од нашите ветеринари и се труди секогаш да го пронајдете производот кој што ви треба.
За сите кои не сте не посетиле, ве повикуваме да дојдете со вашиот миленик и да се уверите во нашиот квалитет.
Ваш Пет Центар,

За нашиот квалитет и сериозен однос потврдува долгогодишната традицијата на работа од 1993 година. Со секојдневно настојување да понудиме подобри и поквалитетни производи  за поголемо задоволство на потрошувачите, нашата фирма СОРЕКС успева да стане водечка компанија во Македонија.

Контакт

  • Email contact@petcentar.com.mk
  • Телефон  00389 044 330 303
  • Mоб 070 240 820
  • Адреса Бул.Илирија Бр.14/1 Тетово, Македонија

Top
All for Joomla All for Webmasters